БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ВИЕНА СО РИСТО САМАРЏИЕВ, АГНИ АВШАР И ИРЕНА КРСТЕВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Камерниот оркестар на Битола на 9 септември ќе настапи во Виена со проектот „Македонски евергрини и повеќе“ по повод 33 години независност на Македонија. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Ана“. Како солисти настапуваат оперската пејачка Ирена Крстеска, која работи во операта Штац во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев. Ќе диригира Владимир Димовски.

Во мај, Камерниот оркестар гостуваше во Рим како дел од културната програма на традиционалната манифестација за одбележување на 24 мај, Денот на просветителте Кирил и Методиј.

„Драго ни е што со своето гостување ќе внесеме дух на македонската музичка традиција во престолнината на класичната музика. Настанот ќе биде единствена можност за љубителите на музиката да уживаат во македонските евергрини, изведени од врвни македонски музичари“, велат од Камерниот оркестар.