БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР СВИРЕШЕ МАКЕДОНСКИ ЕВЕРГРИНИ НА СВОЈОТ ПРВ НАСТАП ВО ВИЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Камерниот оркестар на Битола го имаше првиот концерт во Виена, каде што изведе македонски евергрини во барокната црква „Св. Ана“. Настанот се одржа по повод 33 години независност на Македонија и беше свечено отворен од македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, а присуствуваа амбасадори од повеќе земји и бројни Македонци кои живеат во Виена.

Ирена Крстеска, Агни Авшар и Ристо Самарџиев ја воодушевија

Меѓу пејачите на концертот беше и Ристо Самарџиев

публиката со изведби на безвременски македонски хитови, како „Налеј, Налеј“, „Болен ми лежи“, „Елено ќерко“, „Бор садила мома Евгенија“, „Кажи зошто ме остави“, „Љубов неверна“ и други. Аранжманите на сите песни ги подготви Владимир Димовски, кој беше и диригент на концертот.

За нас, да гостуваме во Виена е огромна чест и привилегија. Виенската публика со својата љубов кон музиката и уметноста ни овозможи да го пренесеме духот на македонската музичка традиција на начин на кој најдобро знаеме – преку срце и душа. Ова гостување е огромен чекор за Камерниот оркестар на Битола и горди сме што можевме да бидеме дел од оваа грандиозна музичка сцена“, изјави Димовски.