БИТОЛСКИОТ МЕТАЛ ФЕСТИВАЛ „МЕТАЛ ДИСЧАРЏ“ ОВАА ГОДИНА СО ТРИ ВЕЧЕРИ И ДВЕ СЦЕНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Три вечери, две сцени и 11 бендови, организаторите на битолскиот метал фестивал „Метал дисчарџ“ (Metal Discharge) одлучија малку да го променат концептот за годинашното шесто издание, кое ќе трае од 13 до 15 јуни.

Учесниците оваа година доаѓаат од Македонија, Грција и Србија, а концертите за првпат ќе се одржуваат на две локации во градот. Главниот настан е на 14 јуни на Ракометното игралиште, каде што ќе настапат седум бендови, а на 13 и 15 јуни ќе има концерти во Старата чаршија.

Што се однесува до листата учесници, од Грција доаѓаат „Above Us the Waves“ и „Mass Culture“, а од Србија хардкорците „3 А.М.“. Меѓу домашните бендови кои оваа година ќе свират на „Метал дисчарџ“ има и веќе проверени и нови имиња од различни поджанрови: „Scattered“, „Conspiracy“, „Ruststained“, „Lucent“, „Triggered“, „Karma Scale“, „Feral Youth“ и „Amaneth“, со што промоцијата на локалната сцена повторно доаѓа до израз.

Блок картите се по цена од 1.000 денари.

Г. КОНЕВ

(Фото: Фејсбук)