БОРИС НОВКОВИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 17 МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот кантавтор Борис Новковиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 мај во Филхармонијата, објави организаторот „Вајб продукција“.

Борис Новковиќ, кој е син на познатиот композитор на поп музика Ѓорѓе Новковиќ, се прослави на самиот старт на неговата кариера со првиот албум „Каде одат изгубените девојки“ (Куда иду изгубљене девојке) од 1986. Насловната песна, која многумина ја викаат „Тамара“, до денес остана еден од неговите најголеми хитови. Во 2005 ја претставуваше Хрватска на Евровизија со песната „Волците умираат сами“ (Вукови умиру сами).

Билетите се продаваат преку мрежата на Ticketx.mk.