Празничната класика на Мараја Кери, „Сѐ што сакам за Божиќ си ти“ (All I Want For Christmas is You), конечно стигна до првото место на американската топ-листа, 25 години по објавувањето.

Кога излезе во 1994 година, таа беше дел од миниалбум, не сингл, што значеше дека не смее да се натпреварува за листата најслушани 100 песни на Билборд. Потоа се сменија правилата и песната првпат во 2000 влезе на листата, а во изминатите години сѐ повеќе се доближуваше до врвот.

„Успеавме“, напиша Кери на Твитер.

„Сѐ што сакам за Божиќ си ти“ е сеприсутна песна во овој период од годината и во САД и во Европа. Таа е 19. број еден за Кери во САД и пред неа се само „Битлс“ со 20.