Британската поп ѕвезда Адел објави дека нејзиниот прв албум по шест години пауза излегува на 19 ноември. Таа го сними албумот по големи промени и турбуленции во својот приватен живот и го нарече „30“, според возраста на која што се омажи и раздели од сопругот Сајмон Конеки во 2018.

„Откако се фрлив во лавиринт од апсолутен хаос и внатрешни превирања, сега се чувствувам подобро. Подготвена сум конечно да го објавам овој албум“, напиша Адел на Инстаграм.

Првиот сингл од новиот албум „Easy On Me“ излегува утре.

Претходните два албума на Адел, „21“ и 25“, се продадоа во вкупно 53 милиони примероци.