Македонските хип хоп пионери „Чиста околина“ денеска го објавија спотот за „Врие Македонец“, песна со која во ноември го најавија новиот албум.
„Чиста околина“ никогаш не биле конвенционален бенд, па не е конвенционален ниту спотот за „Врие Македонец“. Станува збор за петминутна филмска приказна, снимана на над 15 локации во изминатите три месеци.
Видеозаписот е во режија на Иван Солунчев и е во целосна изработка на „СБ Студио скај камера“.
Во „Врие Македонец“, на „Чиста околина“ им гостуваат Кацар и Вена, а миксер и продуцент на песната е Драги Иванов, кој свири и гитара.