ДАНИ, ТАМАРА И „ДНК“ ДЕЛ ОД КОНЦЕРТОТ „НЕШТО ШТО ЌЕ ОСТАНЕ“ ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во вторник, 10 октомври од 19 часот, во скопскиот Парк на франкофонијата ќе се одржи концертот „Нешто што ќе остане“, што го организира Општина Центар. 

На концертот ќе настапат Дани Димитровска, Тамара Тодевска, „ДНК“, „Некст тајм“, диџеј Фиц и диџеј Чваре, а настанот ќе го води Вера Јанковиќ.