Порторико беше во мислите на голем број добитници на Латино Греми наградите, чие доделување се одржа во Лас Вегас, вклучувајќи го и Луис Фонси, пејачот на еден од најголемите хитови за 2017 година, „Деспасито“.
Оваа песна му донесе четири награди од исто толку номинации на Фонси, кој ги посвети победите на својата татковина Порторико, кое пред неколку месеци беше разурнато од ураганот Марија.
„Оваа песна е химна на Порторико. Сѐ што правам, сѐ што ќе правам, отсега и повеќе од претходно, е во чест на мојот остров, моите култура, татковина и музика. Сакам луѓето да знаат дека на Порторико му треба помош“, кажа Фонси.
Благодарение на „Деспасито“, Фонси ги однесе наградите за најдобра песна и за сингл на годината, додека за најдобар албум беше прогласен „Салса биг бенд“ на Рубен Бладес, кој е и успешен холивудски актер.
Настанот во „МГМ гранд арена“ почна со минута молчење за жртвите на природната катастрофа.