ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ПОТОЧИЊА“ НА 12 И 13 АПРИЛ СО ШЕСТ ПРЕТСТАВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новото издание на детскиот фестивал „Поточиња“ ќе се одржи на 12 и 13 април во Филхармонијата. Двата дена ќе има по три претстави, од 11, 13 и од 19 часот.

Детскиот фестивал до 2014 се одржуваше во Универзална сала, а ова е неговото 22. издание.

„Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни, кои со нетрпение чекаме да ви ги отпееме, а фантастичниот Поки е задолжен атмосферата да биде на највисоко ниво. Затоа, ве каниме сите заедно да играме, пееме, да се смееме, радуваме и забавуваме“, велат од „Поточиња“.

Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.