Џез бендот „Такси конзилиум“ денеска (9 ноември) во Скопје ја почнува својата мала регионална турнеја, која ќе опфати уште четири држави.
Вечерашниот настап е во клубот „Котур“ (21:30 часот), а до крајот на месецот, „Такси конзилиум“ ќе свири и во Бихаќ, Бања Лука (БиХ), Љубљана, Горичко (Словенија), Будимпешта (Унгарија) и во Загреб (Хрватска).
Квартетот го сочинуваат некои од најангажираните македонски џез музичари од новата генерација, предводени од гитаристот Филип Букршлиев. Во бендот уште се Благојче Томевски (кларинет), Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани), кои се дел и од низа други состави.
(Фото: Фејсбук)