ЏИПСИ ПАНК БЕНДОТ „КУЛТУР ШОК“ СО НОВ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПАУЗА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ветераните на џипси панк звукот „Култур шок“ се враќаат во Македонија по четири години пауза. Американскиот бенд со балкански корени ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 4 април во рамките на турнејата насловена „No Nostalgia“.

Формиран во Сиетл во 1996 од Босанецот Срѓан Јевѓевиќ-Џино, „Култур шок“ комбинира рок, метал и панк со традиционалната музика од овие простори. Досега има објавено шест студиски албуми, а за оваа година се најавува ново издание. Во Скопје доаѓа со шестчлена постава, во која има музичари по потекло од САД, Бугарија, Индонезија и Грција.

Билетите се по цена од 400 и 500 денари.

Култур шок“ е продолжение на богатата концертна програма што ќе се одвива во МКЦ во следниот период. Претходно беа најавени концертите на „Сензар“, Алекс Жанг Хунгтаи, „Надја“, „Елементал“, „Софт мун“ и на Мишел Гуревич.