„ДИП ПАРПЛ“ ВО МАЈ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најголемите и највлијателни рок бендови на сите времиња „Дип парпл“ повторно доаѓа во Македонија.

Како што објави „Авалон продукција“, овој концерт ќе се одржи на 28 мај на стадионот на АРМ во Скопје, опишувајќи го како првиот посткорона спектакл на отворено.

„Дип парпл“ е група со 54-годишна историја, која се смета за еден од втемелувачите на хард рокот и хеви металот. Лани го издаде 22. студиски албум.

Првиот настап во Скопје го имаше во јули 2005 и во меѓувреме успеа да ја задржи истата постава, вклучувајќи тројца од златната ера од 1970-ите: Ијан Гилан (вокал), Стив Морз (гитара), Роџер Гловер (бас гитара), Ијан Пејс (тапани) и Ден Ејри (клавијатури).

Картите по цена од 1.500 (партер) и 2.000 денари (фан пит) ќе бидат во продажба од среда.