ДОЛИ ПАРТОН ЈА ПОДДРЖА БИЈОНСЕ ЗА НОВИОТ КАНТРИ АЛБУМ

САД, (Си-Ен-Ен)

Доли Партон е горда обожавателка на Бијонсе. Легендата на кантри музиката на социјалните мрежи го коментираше новиот албум на Бијонсе.

„Јас сум голем фан на Бијонсе и многу сум возбудена што таа направи кантри албум. Едвај чекам да го слушнеме целиот!“, напиша Партон. Новата песна на поп-пејачката дебитираше на врвот на топ-листата „Hot Country“ оваа недела и влезе во историјата.
Опра Дејли на својот официјален Фејсбук профил ја коментираше објавата на Партон, пишувајќи: „Легендите ги поддржуваат легендите“. Кралицата Латифа напиша: „Те сакам Доли.“ Бијонсе објави дека ќе има нов албум на настанот „Супербоул“, кој треба да излезе на 29 март.

Фото: Гети