ДОМАШНИ И ХОЛАНДСКИ БЕНДОВИ ПРЕВЛАДУВААТ НА 14. ИЗДАНИЕ НА ЗДРАВО МЛАДИ, ВЛЕЗОТ ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седумнаесет бендови и музичари од шест држави ќе ја сочинуваат програмата на 14. издание на фестивалот на нова музика Здраво млади во Скопје. Ќе се одржи низ Младински културен центар на 11 октомври и влезот ќе биде слободен.

Куратори на програмата се скопската издавачка куќа „Мртов коњ/Гола планина“ и издавачката куќа „Југофутуризм“ од Ротердам. И додека првите избраа главно домашни имиња, како Димиш, „Вагина корпорација“, „Занаду“ и „Пепи и Шабан“, „Југофутуризм“ направи селекција од холандски бендови.

Покрај нив, на фестивалот ќе настапат и групи од Србија, Хрватска и Полска, како и редовниот гостин, диџеј Фиц од Ирска.