Австриското гитарско дуо „Роџерс и Харисон“ ќе го отвори Скопскиот градски фестивал со концерт на 7 мај во малата сала на Филхармонијата од 17:45 часот.
На 9 мај во Денсинг салата на МКЦ ќе има повеќе настани: настапи на групата „Бла, бла, бла“, гитаристот Мухамед Ибрахими (фото) и на „Трета бригада“, како и изложба на Марга Рита.
На 15 мај од 20 часот концерт ќе одржи кантавторката Мијата, објавија организаторите „Баги комуникации“.
Фото: К. ПОПОВ