ДРАМ ЕНД БЕЈС АТРАКЦИЈАТА „ПЕНДУЛУМ“ ДОАЃА НА ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Австралиската драм енд бејс атракција „Пендулум“ е следното големо име што ја дополнува листата учесници на 20. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 8 декември во арената „Борис Трајковски“.

Основан во 2002 година, петчлениот состав се прослави комбинирајќи електронска музика со хард рок, а, како што е најавено, на Таксират ќе настапи „во фуриозно диџеј издание, со кое со години владее на светските фестивали“. „Пендулум“ немаат издадено нов албум од 2010 година, но останаа активни со настапите во живо.

Претходно, како учесници на 20. Таксират беа потврдени „Нувел ваг“, „Терапи?“, „Смат“ и „Мандо дијао“.