ДРЕЈК Е КРАЛОТ НА СТРИМАЊЕТО ЗА 2018

Њујорк, (АП)

Дрејк е кралот на стримањето за 2018 година, откако негови песна и албум завршија на првото место на листата на двете најпопуларни музички платформи, Спотифај и Епл мјузик.

Спотифај објави дека канадскиот рапер бил стриман вкупно 8,2 милијарди пати оваа година и тој ги има и најстриманите албум („Скорпион“) и песна („Божји план“). Следни на листата се раперите Поуст Малоун и Екс-Екс-Екс Тентасион, кој беше убиен во јуни.

Ниту една пејачка не успеа да влезе во топ 5 и Аријана Гранде е најпопуларната пејачка на светско ниво, пред Дуа Липа, Карди Би, Тејлор Свифт и Камила Кабелјо.

Дрејк годинава доминираше и на Епл мјузик, кој не објави конкретни бројки, освен дека „Божји план“ е најпопуларниот сингл. Тој го држи и второто и четвртото место на листата и има вкупно седум песни во топ 100.

Поуст Малоун и овдека е втор, со две песни во најстриманите пет, а на третото место е Карди Би.