ДУЕТОТ „ЖИМИ СÈ“ ГО НАПИШАВМЕ СО ДОЗА ХУМОР, ВЕЛАТ СЛАТКАР И ТОНИ ЗЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските рапери Слаткар и Тони Зен ја снимија дуетската песна „Жими сè“, за која промовираа и видеоспот. 

„Текстот на песната носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност и урбана филозофија“, велат Слаткар и Тони Зен, кои ја почнаа својата соработка пред 18 години, нарекувајќи ја „Хип-хоп револуција“.

Музиката е на Илија Цветковски-Ики.

„Жими сè“ е најава за нивниот заеднички концерт, кој ќе се одржи на 5 април во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, на кој ќе ги пеат своите најголеми хитови. На концертот кој го организира продукцијата „Прагма“ ќе има и неколкумина гости.

На крајот на август, Тони Зен и Слаткар го снимија дуетот „Милион лета“.