ЕМИНЕМ ЌЕ ДОБИЕ 400.000 ДОЛАРИ ЗА УКРАДЕНА ПЕСНА ВО ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА ВО НОВ ЗЕЛАНД

Детроит, (АП)

Национална конзервативната партија на Нов Зеланд ги прекршила авторските права на Еминем оти користела песна со сличен текст на хитот на Еминем „Изгуби се“ (Lose Yourself)  во своите рекламни кампањи. Стихот „ Твое е, никогаш да не го загубиш“ е присутен во двете песни.

Врховниот суд донесе решение владејачката партија да му плати на раперот од Детроит 415.000 долари плус камата.

„Сметаме дека оваа пресуда ќе биде предупредувачки гест за сите кои користат сличен звук со тој на оригиналните песни и дека во иднина ќе бидеме сведоци на повеќе оригинална музика во рекламирањето на партиите и посериозно признавање и наградување на авторите на песните за нивната напорна работа“, изјави Адам Симпсон, адвокатот кој ја претставуваше „Ејт мајл стајл“, издавачката куќа на Еминем.

Издавачот Џол Мартин изјави дека бил полн со гнев за време на судењето поради апсурдните тврдења околу тоа дека „Изгуби се себеси“ не била оригинална оти користела исти акорди со други песни.

„Можат да кажат што сакаат, освен да зборуваат за нејзината оригиналност“, изјави тој.