ЕНИ ЛЕНОКС СО НОВА ПЕСНА ПО 8 ГОДИНИ

Њујорк, (Ролинг стоун)

„Реквием за приватна војна“ е насловена новата песна на Ени Ленокс, со која се враќа на сцената после 8 години. Синглот е дел од новиот биографски филм „Приватна војна“ во режија на Метју Хајнеман. Филмот е за новинарката Мери Колвин, која беше убиена за време на репортажа во сирискиот град Хомс во 2012 година.

Ленокс (63) во едно интервју изјави дека се запознала со Колвин пред да почине. „Не можам да речам дека бевме пријателки, но мислам дека да не беше убиена, ќе научев многу од неа. Не сакам да сум многу сентиментална околу ова, но чувствувам дека ако Мери беше тука, ќе знаше дека ова е вредно за неа“, изјави музичарката.

Шкотската пејачка и композиторка вели дека засега нема планови да пишува други песни, и дека нејзиното внимание е насочено кон глобалниот феминизам, поддржувајќи организаиции како Новинарската мрежа „Мери Колвин“.