„Есенски балетски колаж“ е насловен вечерашниот балетски концерт (20 часот) во Националната опера и балет, кој ќе ги опфати најубавите балетски дела „Ана Каренина“, „Заспаната убавица“, „Болеро“, „Оревокршачка“, „Дамата со камелии“ и „Евгениј Онегин“. Режисери на концертот се Олга Панго и Дејан Прошев.

Во програмата, меѓу другото, се: „Полонеза“ од „Онегин“ на Чајковски, „Црвено адаџо“ од „Ана Каренина“ на Чајковски, „Сина птица“ од „Заспаната убавица“ на Чајковски и „Танго до балчак“ на Дуке Бојаџиев.

Влезот е дозволен само со потврда за вакцинација или за прележан ковид-19 во последните 45 дена. Задолжително е носење на заштитна маска.