Ротердам е избран за град-домаќин на следното издание на Евровизија. Европската радиодифузна унија објави дека Ротердам го победил Мастрихт во трката за организација на најголемото европско музичко натпреварување.

Холандија се избори за правото да го организира 65. издание на Евровизија благодарение на победата на Данкан Лоренс во Тел Авив, кадешто Македонија го оствари својот најдобар пласман досега со седмото место на Тамара Тодевска. Лоренс притоа ѝ ја донесе првата победа на Холандија од 1975 година.

Полуфиналните вечери во арената „Ахој“ ќе се одржат на 12 и на 14 април 2020, додека финалето е на 16 април.