„Фанк шуи“ ќе настапи на годинашното издание на Егзит во Нови Сад, еден од најголемите музички фестивали во Европа. Скопската рок група засега е единствениот потврден учесник од Македонија.
„Фанк шуи“ ќе свири на 14 јули на бината „Виза фјужн“.
Егзит оваа година ќе се одржува од 10 до 14 јули. Меѓу големите имиња кои ќе настапат се „Блек ајд пис“, Карл Кокс, Том Морело, „Кавалера“, Бонобо, „Експлоитед“, Блек Кофи и Гучи Мејн.