„ФАНК ШУИ“ СО КОНЦЕРТ ВО БЕЛГРАД ВО ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот бенд „Фанк шуи“ ќе одржи концерт во Белград во салата на во Дом на млади на 6 декември од 21 часот.

Првиот албум, бендот го сними во 2012, вториот во 2015, а од актуелниот „Никогаш пак“ излегоа неколку хитови како: „Ветер“, „Но време“, „Мог“, „Никогаш пак“ и „Роденден“.

„Фанк шуи“ настапи на годинашното издание на Егзит во Нови Сад, еден од најголемите музички фестивали во Европа. Нивниот настап беше на 14 јули на бината „Виза фјужн“, како дел од нивните настапи низ регионот.