ФАНОВИ ЈА ТУЖАТ МАДОНА ЗАШТО КОНЦЕРТОТ ВО ЊУЈОРК Ѝ ПОЧНАЛ ДОЦНА, А ТИЕ МОРАЛЕ РАНО ДА СТАНАТ

Њујорк, (Гардијан)

Двајца фанови ја тужат Мадона зашто нејзиниот концерт во Њујорк почнал касно, а тие следното утро морале рано да станат за да одат на работа.

Во тужбата поднесена во судот во Бруклин, Мајкл Фелоус и Џонатан Хаден велат дека тие имале карти за концертот од 13 декември, при што било најавено дека тој ќе почне во 20:30 часот. Место тоа, 65-годишната Мадона излегла на сцената дури во 22:30 часот.

По заминувањето од концертот по еден часот по полноќ, останавме заглавени среде ноќ и соочени со ограничен превоз и зголемени трошоци за јавен и приватен превоз. Доцниот крај на концертот влијаеше врз нашата способност да се посветиме на нашите семејни обврски наредниот ден“, стои во тужбата.

Фелоус и Хаден ги обвинуваат Мадона, салата „Беркли центар“ и промоторот на турнејата „Лајв нејшн“ за „несовесни, неправедни и/или измамнички трговски практики за одложеното време на почетокот на концертот, што претставува прекршување на договорот и намерно лажно рекламирање“.

(Фото: Вајримиџ)