Фестивалот на електронската музика „Десонанц“, кој одбележува 10 години од основањето, на 15 август ќе биде дел од маратонска журка во Берлин, која ќе се одржи во вториот најголем клуб во градот, „Грисмуле“.
Освен што ќе настапат и ќе го промовираат концептот на својот фестивал, претставниците на „Десонанц“ се и куратори на интернационалната програма, која ќе ги вклучи Онтал (Србија), Рoмек и Торн Реликс (Велика Британија).
„Грисмуле“ ужива култен статус во Берлин и е еден од првите клубови кои избегаа од локалниот звук и се отворија за странски издавачки куќи.
Од македонските артисти ќе настапат Андреј Анчевски (Андреас Херц) и Мартин Чанаќевиќ (Мартчин), кои ќе претстават сет што го опфаќа звукот на „Десонанц“, како и Димитар Николов (Кроном).