ФЕСТИВАЛОТ КОАЧЕЛА ОТКАЖАН ТРЕТПАТ ПО РЕД ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Сан Франциско (Си-Ен-Ен)

Планираното враќање на музичко-уметничкиот фестивал Коачела во април е откажано поради пандемијата на коронавирусот, со што се најавува уште една лоша година за фестивалската индустрија. Ваква одлука донесоа здравствените власти на округот Риверсајд во Калифорнија поради грижите од повторното ширење на коронавирусот.

Ова е трето откажување на Коачела по ред, откако не се одржа во двата предвидени термина минатата година.

„Фестивалот привлекува илјадници луѓе од цел свет, што би го зголемило ризикот од ширењето на вирусот. Доколку ковид-19 се појави на фестивалот, би било невозможно да се следи кој се е под ризик“, изјави шефот на здравствената служба на Риверсајд, Камерон Кајзер.

Минатата недела, и најголемиот музички фестивал во Велика Британија, Гластонбери, соопшти дека нема да се одржи ни оваа година.