ФИНСКИОТ МЕТАЛ БЕНД „ВОЛФХАРТ“ ВО МАЈ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Финскиот метал бенд „Волфхарт“ (Wolfheart) ќе настапи во Македонија следната година во рамките на својата европска минитурнеја „Кралот на северот“, која во голем дел ќе ги опфати балканските простори. Концертот, што го организира „Терорвоид“, ќе се одржи на 10 мај во Младински културен центар во Скопје, а почетната цена на картите е 800 денари, по што ќе чинат 1.000 денари.

Основан во 2013 година, „Волфхарт“ е релативно нов бенд, но за така краток период успеа да се наметне како едно од водечките имиња на мелодичната дет метал сцена. Предводен од пејачот и гитарист Туомас Сауконен, „Волфхарт“ досега има објавено шест студиски албуми.