Фронтменот на „Редиохед“, Том Јорк, објави дека ќе го издаде својот „дистописки“ трет соло албум „Анима“ на 27 јуни, што ќе биде придружено од краток филм. Создаден од Јорк и од американскиот филмаџија Пол Томас Андерсон, филмот ќе излезе на „Нетфликс“, истиот ден кога ќе биде објавен и албумот со девет песни.
„Нетфликс“ го најави филмот како музички, што ќе се базира на три песни од албумот, а Јорк ќе биде во главната улога.
„Тоа е откачено визуелно парче, што е најдобро да се слуша многу гласно“, се вели во најавата на филмот.
Јорк, кој го основа „Редиохед“ во 1985 година и со него сними девет албуми, го објави првиот соло албум во 2006, а лани ја направи и оригиналната музика за римејкот на култниот хорор „Суспирија“.