ГОСТИ ОД ПОЛСКА И ХРВАТСКА НА 4. ИЗДАНИЕ НА ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ „КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четвртото издание на џез фестивалот на „ПМГ“, „Крај Вардарот џез“, ќе се одржи од 18 до 20 мај, а меѓу учесниците се најавени и гости од Полска и Хрватска.

Отворањето ќе биде во Филхармонијата, каде што ќе настапат триото на Дамир Имери и полскиот дует „Перфорто“, кој во изведбата користи и инструменти од дрво, метал, хартија и други материјали.

Вториот ден е резервиран за македонски џез дуети, па во Младински културен центар ќе можат да се слушнат Букршлиев/Томевски и Кондовски/Дробицки.

На 20 мај во МКЦ се настапите на хрватскиот квартет „Чуи“ и „Ларта“, новиот проект на тапанарот Дино Милосављевиќ.