Продолжението на третото издание на скопскиот Котон блуз фестивал ќе се одржи на 6 октомври во Кинотеката и ќе биде меѓународна вечер.
Специјално од САД ќе допатува пејачот и хармоникаш Тони Холидеј, кој ќе биде придружуван од домашни блузери, а вториот учесник е Марта Суње со нејзиниот бенд. Попозната како Свит Марта, таа е една од ретките блузерки во Шпанија која свири усна хармоника.
Влезот ќе чини 350 денари.
Котон блуз фестивал оваа година го промени форматот, па е поделен во два дела. Првата вечер беше на 16 јуни во клубот „Маракана“ и беше посветена на домашната блуз сцена.
(Фото: Фејсбук)