ГРЧКА ВЕЧЕР СО ВИОЛОНЧЕЛО И ПИЈАНО НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

На денешната (5 август) грчка вечер на Охридско лето ќе се одржи концерт на Христос Гримпас – виолончело и Џорџ-Емануел Лазаридис – пијано. Концертот е од 21 часот во црквата „Света Софија“.

Гримпас студирал на Државниот конзерваториум во Солун и на Универзитетот за уметности во Берлин. Како солист настапувал со оркестрите во Солун, Карлови Вари, Пазарџик, Софија, Днипро и Харкив. Во моментот е член на групата виолончела во Државниот оркестар во Солун и е еден од основачите на ансамблот „Транскрипции“.

Лазаридис започнал да настапува на осумгодишна возраст и оттогаш е добитник на бројни награди, почесни награди и стипендии. Дипломирал на Кралскиот колеџ за музика и на конзерваториумотТринити Лабан во Лондон. Како солист настапувал со оркестрите во Санкт Петербург и Хамбург и со Кралската филхармонија во Лондон.