Eдни од предводниците на македонската хард кор/метал сцена, „Хардфејсд“, вечерва (23 март) ќе одбележат 20 години постоење со концерт во Младински културен центар во Скопје. Почетокот е во 19:30 часот. Гости ќе бидат легендарниот бугарски хард кор бенд „Лест хоуп“ и скопската група „Ју“.
Предводен од фронтменот Димитар Савески, охридскиот бенд е основан во 2004 и првиот албум го објави три години подоцна. Последното, четврто студиско издание „Бессона дремка на брегот на младоста“ излезе пред пет години.
Билетите за концертот се по цена од 400 денари, односно 600 денари на врата.
(Фото: Фејсбук)