ИГОР ЏАМБАЗОВ И „ЗАБРАЊЕНО ПУШЕЊЕ“ ЌЕ НАСТАПАТ НА ФЕСТИВАЛОТ С.О.С. ВО БИТОЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Игор Џамбазов и босанскиот рокенрол бенд „Забрањено пушење“ ќе настапат на фестивалот С.О.С., кој ќе се одржи на 15 јуни на ракометното игралиште во Битола од 20 часот.

Сараевскиот бенд, кој сега го предводи пејачот, гитарист и композитор Давор Сучиќ попознат како Сејо Сексон, годинава одбележува 40 години од својот прв албум.

Игор Џамбазов ќе биде придружуван од Гуру Харе и неговиот бенд. Фестивалот ќе го отвори диџејот Рутбој Селектор со ретроспектива на најголемите хитови од поранешна Југославија.

Фестивалот се одржува по повод 20 години од постоењето на продуцентската куќа „Фреш унион“ од Битола, која има организирано повеќе концерти на македонски и регионални музичари.

Влезниците се продаваат преку мрежата на mktickets.