„Манфред“ е насловен вечерашниот концерт во Филхармонијата од 20 часот, на кој како солистка ќе гостува јапонската виолинистка Сајака Шоџи. Диригент ќе биде Романецот Габриел Бебешелеа.
На програмата ќе бидат Концерт за виолина и оркестар во Д-дур од Брамс и Симфонија бр. 6 во Ф-дур („Пасторална“) од Бетовен.
Триесет и деветгодишната Шоџи е најмладата победничка на престижното натпреварување „Паганини“ во Џенова, што ѝ успеа во 1999.