Утре (5 октомври) од 20 часот, во Струмица ќе се одржи третиот концерт од турнејата „Танго приказна“, на кој ќе свири камерниот состав „Агогик“. За време на настапот танго ќе играат танчарите Владанка Колева и Онур Мок.
Турнејата „Танго приказна“ започна на 14 мај во Скопје, а составот „Агогик“ одржа уште еден концерт во Битола во јуни.
Ќе се свират танго композиции, милонги и валцери од најпознатите композитори на тангото, како Пјацола, Канаро, Гардел и други.
Камерниот состав „Агогик“ го сочинуваат Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина и постои повеќе од 15 години.