КАМИЛА КАБЕЛО И ШОН МЕНДЕС ОБЈАВИЈА ДЕКА РАСКИНАЛЕ НА ИНСТАГРАМ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Музичките ѕвезди Камила Кабело и Шон Мендес објавија дека раскинале.

Двојката го објави крајот на нивната двегодишна романтична врска со заедничка изјава на Инстаграм во средата.

„Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели”, пишува во дел од постот на Камила и Шон.

Објавата на Инстаграм е идентична кај двајцата музичари

Камила и Шон почнаа да се гледаат во јули 2019 година, набргу по издавањето на заеднички снимениот спот за песната „Сењорита“. Тие особено беа во центарот на вниманието за време на пандемијата кога постојано беа сликани на секојдневни прошетки.

Во септември оваа година ѕвездите заедно се појавија на Мет Гала.