КАНТАВТОРКАТА ДИМИТРА ГО ОБЈАВИ ВТОРИОТ АЛБУМ ПОД ЕТИКЕТАТА НА „ШАРЛА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачката куќа „Шарла“ го објави новиот албум на Димитра, „Мак мрак“, нејзин прв на македонски јазик.

Зад овој проект стои кантавторката од Битола Димитра Цилевска, која се појави на домашната алтернативна сцена пред две години со миниалбумот „Живот во живо“, кој доби одлични рецензии во регионалните музички медиуми. Во меѓувреме сними уште едно минииздание („Празни муабети“), а потоа и албумот на англиски јазик насловен „Come to the Danger Club“.

Цилевска е комплетен автор на сите осум песни на новиот албум, кој трае 29 минути.