Грчката пејачка со потекло од Нигерија Лав Итоја рече дека ја сака Битола зашто во градот нема ни ронка расизам. Таа е дел од музичарите кои настапуваат вечерва на настанот „Ѕвездена симфонија“, со кој вечерва се отвора 16. Битфест на стадионот „Петар Милошевски” во Битола.
„Ќе донесам енергија и добри вибрации на сцената и ќе отпеам две преубави песни“, рече Итоја.
Настанот започнува во 19 часот, а настапуваат и Констракта, Каролина Гочева, „Суперхикс“, „Паркети“ и германскиот електробенд „Шилер“ со Камерниот оркестар и диџеи.
Ж. ЗДРАВКОВСКА