Познатата српска пејачка и претставничка на Евровизија, Констракта, синоќа настапи на музичкиот настан „Ѕвездена симфонија“ на стадионот во Битола, со кој се отвори Битфест. Таа испеа дел од својот репертоар, а публиката ја почести и со хитот на Дино Двојник „Зошто правиш слон од мене“ (Зашто правиш слона од мене).

„Станав популарна пред две години, а имам скоро 50 и ова ми е првпат да настапувам со цел оркестар. Сликајте ме и испратете ми фотографија да се фалам“, рече Констракта и на крај побара од публиката да му даде аплауз на Камерниот оркестар од Битола, кој ја придружуваше.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
Фото: С. Ставрев