„Форбс“ ја прогласи Кејти Пери за најплатената жена во светот на музиката.
Нејзината заработка во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 година е проценета на 83 милиони долари. Пери одржа 80 концерти во рамките на својата светска турнеја, која уследи по издавањето на петтиот албум „Сведок“, заработувајќи повеќе од еден милион долари од вечер.
Таа има заработено и 20 милиони долари како судија во „Американски идол“, со што напредуваше на листата за осум позиции, заменувајќи ја Бијонсе на врвот. Аренби кралицата сега е трета, со заработката од 60 милиони долари, откако пред неа изби и Тејлор Свифт (80 милиони).
Меѓу добро познатите имиња во најплатените десет, како Селин Дион, Бритни Спирс и Џенифер Лопез, успеа да се пробие и германската пејачка Хелене Фишер.
Голема ѕвезда на шлагер стилот, 34-годишната Фишер остварила заработка од 32 милиони долари, откако нејзиниот осми албум ги освои топ-листите во Австрија, Германија и Швајцарија, продавајќи се во повеќе од милион копии.