ЌЕРКАТА НА ДЕЈВИД БОУВИ ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ ПРВ АЛБУМ

Лондон, (НМЕ)

Ќерката на Дејвид Боуви, Лекси Џонс, го објави својот дебитантски албум насловен „Xandri“. Дваесет и четиригодишната Џонс е единственото дете што Боуви го доби во бракот со супермоделот Иман.

Џонс го објави албумот без претходна најава. Содржи 12 песни кои се мешавина од жанрови како поп, електроника и инди рок. Покрај тоа што пее, Џонс е и авторка и продуцентка на сите свои песни и го дизајнираше омотот на албумот.

Џонс се промовира како музичарка осум години по смртта на нејзиниот славен татко, на кого често му посветува објави на социјалните мрежи. Покрај неа, Боуви го доби синот Данкан со првата сопруга Мери Анџела Барнет.

(Фото: Инстаграм)