ЌЕРКИТЕ НА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР НИКОГАШ НЕ ЈА ГЛЕДАЛЕ СЕРИЈАТА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“

САД, (Пипл)

Ќерките близначки на Сара Џесика Паркер, Табита и Мерион никогаш не ја гледале „Сексот и градот“, кажа актерката која во серијата ја играше Кери Бредшо.

15-годишните сестри носеа високи потпетици на премиерата на мјузиклот на „Smash“ на Бродвеј посветен на Мерилин Монро, со нивната мајка и татко им, актерот Метју Бродерик.
Слично како Керо Бредшо од „Сексот и градот“, најпознатиот лик кој го играше нивната мајка, чевлите беа високи и светкави. Нивните родители гордо позираа со своите ќерки пред претставата, која се базира на поранешната истоимена серија на Ен-Би-Си.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик со ќерките (Фото: Гети)

Иако Сара Џесика Паркер е најпозната по нејзината улога на љубител на чевли и секс-колумнистка, таа претходно рече дека нејзините ќерки сè уште не ја гледале оваа серија.

„Тие не се заинтересирани за шоуто. Тоа не е главна тема во нивните животи“, рече актерката.

„Сексот и градот“ заврши во 2004, но авантурите на Кери продолжија во два филма и сега рестартираната серија, „И едноставно така“.