КИМ ВАЈЛД СЕ ИНСПИРИРАШЕ ЗА НОВИОТ АЛБУМ ОД СРЕДБА СО ВОНЗЕМЈАНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Една од поп-иконите на 80-ите години, Ким Вајлд, го најави својот прв албум со оригинални песни од 1995 година, откривајќи дека неговиот наслов „Доаѓаат вонземјани“ е инспириран од вистинска случка.

„Тоа беше неверојатно искуство, сѐ уште сум многу возбудена кога зборувам за тоа“, вели 57-годишната Вајлд.

Таа тврди дека ден по смртта на Мајкл Џексон во 2009 година, имала блиска средба со неидентификуван летечки објект.

„Бев во мојата градина, пиев чаша вино, кога погледнав кон небото и видов огромно силно светло зад облак. Посветло од месечината, но слично на неговата светлина. Во еден момент се помрдна и тоа многу брзо. Така правеше неколку минути. Не испушташе никаков звук. Потоа едноставно се исклучи. Не поминува ден да не помислам на ова. Подоцна читав дека имало и други сведоци на овој феномен, како и фотографии од таа сфера на небото“, се присети Вајлд.

Како голем фан на научна-фантастика, Вајлд во голема мера ја вклучи оваа тема во новиот албум, почнувајќи од обвивката, која потсетува на постерите за стари филмови од Б-продукција.

Во 80-ите, Ким Вајлд имаше 20 хита во топ-40, продаде 30 милиони албуми и одеше на турнеја со Дејвид Боуви и Мајкл Џексон, но нејзината слава исчезна со доаѓањето на новата деценија и со појавата на помлади пејачки.