„КЈУР“ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ПЕСНА ОД НОВИОТ АЛБУМ ШТО СЕ ЧЕКА 16 ГОДИНИ

Лондон, (Гардијан)

Англискиот рок бенд „Кјур“ ја објави првата нова песна по 16 години пауза. Насловена „Alone“, таа е најава на долгоочекуваниот нов албум на групата, кој ќе се вика „Songs of a Lost World“ и треба да излезе на 1 ноември.

Тоа ќе биде 14. студиски албум во 46-годишното постоење на „Кјур“ и прв по „4:13 Dream“ од 2008.

Новиот албум се правеше неколку години. Во 2019, бендот откри дека снимил 19 нови песни, но најавеното излегување на албум за таа година не се случи.

Засега нема најави за турнеја.

(Фото: Редфернс)