КОЛЕКТИВОТ „ТДФУ“ ЌЕ ПРОСЛАВИ 10 ГОДИНИ РАБОТА СО ЖУРКА СО 14 ХИП-ХОП ИЗВЕДУВАЧИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четиринаесетмина македонски хип-хоп изведувачи од новата генерација ќе настапат в сабота (23 март) во „Лабораториум“ во Скопје, на настан со кој колективот „Трап д фак ап“ (Trap Da Fuck Up) ќе одбележи десет години постоење. Овој колектив придонесе за развојот и ширењето на трап сцената во Македонија и токму оваа музика ќе биде застапена на повеќечасовната журка.

Наречен „10 години за културата“, влезот на настанот ќе биде бесплатен, но посетителите можат да остават симболична донација од десет денари како поддршка за десетте години работа на „ТДФУ“.

Музичката програма почнува во 15 часот со настапот на Пандемониум и ќе трае до еден часот по полноќ. Во меѓувреме на сцената ќе се изменуваат Секси Марса, Димчуга, Драги, Демиџ контрол, Огипсилон…

(Фото: Фејсбук)