КОЛЕКЦИЈАТА НА ГИТАРИ НА ЏЕФ БЕК ВРЕДИ 1,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЌЕ СЕ ПРОДАВА НА АУКЦИЈА

САД, (АП)

Некои од најкултните гитари во историјата на рокот ќе бидат изложени во Лондон пред да излезат на аукција.

Аукционерот „Кристис“ направи преглед на колекцијата на легендарниот гитарист Џеф Бек, кој почина во јануари 2023 на 78 години и јавноста може да види негови 90 гитари и десетици други предмети.

Проценета на повеќе од 1,2 милиони долари, колекцијата вклучува гитари „гибсон“ и „ лес пол“ од 1954 година, што Бек ја купил во Мемфис во 1972. Гитарата од омотот на џез-фјужн албумот на Бек од 1975 се очекува да биде продадена за сума од 425.000 до 610.000 долари.
Вдовицата на Бек, Сандра Бек, рече дека ѝ е тешко да се раздели од колекцијата.

„Но, знам дека Џеф би сакал да ја споделам оваа љубов“, рече таа.

На дел од гитарите свиреле Ерик Клептон, Џими Пејџ и Џими Хендрикс. Бек двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот – со неговиот бенд од 1960-тите и како соло музичар. Познат по своите уникатен звук и импровизациска вештина, тој свиреше со Род Стјуарт, Дејви Боуви, Стиви Вондер, Тина Тарнер, Џони Деп…