Најпопуларниот македонски реге/даб бенд „Конкеринг лајон“ вечерва ќе одбележи 15 години постоење со концерт во Младински културен центар во Скопје (21 часот). Тој следува додека тетовската група работи на својот шести студиски албум, од кој првиот сингл беше промовиран во декември.

„Конкеринг лајон“ почнал со работа во април 2007, за две години подоцна да го објави и дебитантскиот албум. Досега настапил во бројни европски држави.

Како специјални гости на концертот се најавени српските реге ветерани „Џа месенџа саунд систем“ и уште еден тетовска група, „Кат јор нипл“.