Српската кантавторка Констракта ќе биде дел од настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола, а ќе настапи во придружба на Битолскиот камерен оркестар.
На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија. Оркестарот како гости ги најави дуото „Пиг и Дан“ од Шпанија, кое настапува на фестивали на електронска музика низ Европа и германскиот бенд „Шилер“, формиран во 1998. Со „Шилер“ ќе настапат македонските пејачки Агни Авшар и Наде Талевска.
Диригент е Владимир Димовски.
Настанот ќе го отвори традиционалниот Бит фест, а билетите се продаваат онлајн на yournextevent.info.